Како денес изгледа туризамот во Куба

Претседателот Обама во месец декември објави нова американска политика кон Куба, jа отвори ширум вратата за американците кои сакаат да патуваат во оваа егзотична земја. Повеќето американци патуваат за Куба преку овластени лица кои можат да резервираат хотели. Откако се отвори помoрскиот и воздушниот сообракај, американците почнaa да остваруваат туристички посети на комунистичкиот остров кој беше затворен речиси 54 години.

“Кога ќе ја погледнете Хавана, навистина постојат хотели со четри и пет звезди. Тогаш почнувате да барате со три или две звезди, но тие не се сигурни.” – Колин Лаверти, основач и претседател на Куба Едукејшнл Травел.

Но каде би престојувале? Каде би се хранеле туристите? И што би значело крстарењето во Куба?

Колин Лаверти, основачот и претседателот на „Cuba Educational Travel“, кој е правник и поседува лиценца за туристички аранжмани, кажува дека неговата компанија остварила 300% добивка откако Обама ја објави својата политика кон Куба.

Можете да замислите што ќе се случело доколку Америка не ја сменела својата политиката кон Куба. „Со ова зголемување на посетите, има повеќе предизвици за Куба.” – изјави Лаверти.

Сместување

Скоро 60,000 хотелски соби  се зафатени, изјавил туристичкиот дописник и фотограф  Кристофер П. Бејкер. Тој има издадено 6 книги за Куба, а неговата последна книга се викa „Moon Cuba handbook” објавена  во февруари оваа година.

Но, не сите соби ќе бидат доволно добри за средната Американска класа „Кога ќе погледнете во Хавана, навистина постојат хотели со четри и пет звезди. Тогаш почнувате да барате со три или две звезди но тие не се сигурни.”

cubahotel

Колин предвидува дека Куба наскоро ќе изгради нови хотели во кои ќе се обрати посебно внимание на собите.

Тој исто така изјави дека Вардеро, град кој се наоѓа источно од Хавана, е најпосетуваното место од страна на канаѓаните и европјаните, а има и доволно место за сместување.

 

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк