Промоција на романот „Трите излези од пеколот“ од Славица Митревска

На 22.о7.2015 во кафе-книжарницата ВЕШТИЦА која се наоѓа во скопското Дебар Маало, ќе се оджи промоција на романот „Трите излези од пеколот“ од писателката Славица Митревска.

Темата на овој роман е љубовна приказна со длабока психолошка анализа која нема да ве остави рамнодушни и ќе ве натера да ја прочитате целата книга во еден здив. По двете претходно објавени стихозбирки – „Дајре на судбината“ и „Животот јас и ти“, оваа трета по ред книга е првото прозно дело од Славица Митревска.

Не го пропуштајте ова незаборавно дружење и можноста да ја купите книгата по промотивна цена со посвета од писателката.

 

Share Button

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.