РУЖИЧКИ (рецепт)

РУЖИЧКИ (рецепт)

ПОТРЕБНО Е:

2 шолји брашно
1 шолја гриз
125 гр растопен путер
1/2 шолја масло
1 пециво
1 ванила
1/2 шолја кисело млеко

ШЕРБЕТ:
3 шолји шеќер
3 шолји вода
1 лажица сок од лимон

ПОДГОТОВКА:
1. Маслото, киселото млеко, гризот и путерот се мешаат со лажица и постепено се додава
брашното, пецивото и ванилата.
2. Се меси глатко тесто, се сучи кора и се сечат кругчиња околу 4 см дебели.
3. Се редат да се поклопуваат едно со друго, се виткаат, се сечат на пола и се редат на
подмачкан плех.
4. Озгора се става оравче и се печат на 190*C околу 20 минути.
5. Шербетот се вари и се остава да се излади малку.
6. Жешките колачи се поттураат со малку шербет и се оставаат покриени неколку саати.

Добар апетит!

Share Button

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.