Заврши саемот „Домашно е, од Крушево е…“

На 26 јули (недела) Асоцијацијата за економско истражување, застапување и донесување економски политики Finance Think Скопје во партнерство со Општина Крушево, го организираше саемот на домашнии, традиционални и еколошки производи од Крушево „Домашно е, од Крушево е…“. 

Саемот свечено беше отворен во 12 часот од страна на Г-ѓа Валери Колби, одговорна на Секторот за односи со јавност од Амбасадата на САД во Македонија.

На саемот беа презентирани и дегустирани домашни, еколошки и традиционални производи од Крушево (домашни тестенини, еколошки џемови и слатка, сирупи и природни чаеви). Беше промовирано видео за економско јакнење на жените од Крушево и веб платформата www.odkrusevo.mk. Љубителите на кулинарството имаа можност да ги испробаат своите вештини во подготовка на крушевска пита, а останатите љубители на традиционалните вредности уживаа во манифестацијата Крушево Етно град.

Саемот е завршен настан од едногодишниот проект „Зајакнување на жените во Крушево преку мини здружување за продажба и промоција на традиционални производи„ поддржан од Амбасадата на САД во Скопје, чија цел е да се подобри животниот стандард и намали сиромаштијата на жените во Крушево. Проектот е пилот модел на социјално претприемништво. Во проектот беа вклучени 25 невработени жени или жени со ниски примања. Активностите вклучуваа: јакнење на капацитетите преку обуки за промоција, пакување и продажба; брендирање на производите и обезбедување амбалажа; здружување; воспоставување канали за продажба и промоција на производите. – посочи  Благица Петрески, Главен Економист и Извршен директор на Асоцијација за економско истражување, застапување и донесување економски политики Finance Think, Скопје.

Share Button

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.