Концерт на Стефан Миленковиќ и Танго Компас на јубилејното 55-то Охридско Лето

Се ближи долгоочекуваниот концерт на Стефан Миленковиќ и Танго Компас на јубилејното 55-то Охридско Лето.

Во Античкиот Театар во Охрид, со почеток во 21 часот, на 1-ви август, проектот Танго Компас ќе се претстави пред македонската публика со маестрално танго доживување.

Стефан Миленковиќ на виолина, Марко Хатлак на хармоника, Марко Чрнчец на пијано, Лука Херман Гајзер на контрабас и специјалната гостинка Ана Безјак – вокал, се повеќе од подготвени да ги опијат посетителите со супериорна танго изведба.

На програмата се дела од Астор Пијацола, Ричард Галијано, Матос Родригез, Франсиско Канаро, Хуан Карлос Касерес, а за целосно доживување на огнената танго магија, на сцената ќе се појави и професионална танцова двојка.

Предводени од еден од најголемите виолинисти на денешницата, Стефан Миленковиќ, Танго Компас нудат неповторлива интерпретација на тангото.

Оваа 1-во августовска ноќ и Античкиот театар во Охрид се идеална консталација за пречек на виртуозните музичари.

Share Button

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.