XXVII Поетска ноќ во Велестово на 14-ти и 15-ти август

Денес во 21:30 часот на чешма, во охридското село Велестово, започна XXVII Поетска ноќ во Велестово. Ова е 27-то издание на културната поетска манифестација, посветена на поезијата на Веле Смилевски. За неговото творештво ќе беседат Санде Стојчевски и Раде Силјан. Стихови ќе читаат членови на Независната аматерска театарска група „Аматер“ од Охрид. Оваа година во изложбениот простор на старото училиште ќе можете да ја погледнете ликовната изложба на Литов Намдаг Јанчивин од Монголија, кој во моментов е почесен конзул на Монголија во Македонија.

Утре ќе биде промовиран зборникот песни за Велестово напишани од поети учесници на манифестацијата низ годините. Стихови ќе читаат поети од Македонија, Црна Гора и Бугарија. Промоцијата ќе се одржи во галеријата на планинарскиот дом (старото училиште) во Велестово. Ќе започне во 21 часот.

Манифестацијата е помогната од Министерството за култура на Република Македонија, Општина Охрид и др.

Share Button

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.