Хуманитарна трка на 5 км

Датум на одржување: 19 август во 18:30 час.

Старт и цел е на патеката на кејот на реката Вардар – кај градската плажа.

Се трча по земја/трева од градската плажа до Александар Палас (3 круга). Може да учествува секој што сака да трча. Трката се организира со цел да се промовира трчањето и здравиот активен начин на живот, да се поттикне себенадминувањето и има хуманитарен карактер. Пријавување и подигнување на бројчињата e од 17:00 до 18:15 час, а старт е во 18:30 час. Стартнина изнесува 300 денари и сите средства ќе бидат донирани во хуманитарни цели. Донацијата ќе биде наменета за унапредување на образовниот процес кај учениците со посебни образовни потреби во ООУ Јан Амос Коменски!

Секој учесник добива маичка и брендирана алка. Медали и награди за најдобрите 3 жени и мажи.Учеството во трката е на сопствена одговорност. Ве чекаме на трка!

Share Button

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.