ПОЕТСКО МАРКУКУЛЕ 2015

ЉУБИТЕЛИ НА ПИШАНИОТ ЗБОР!

Не галат пријатни чувства на душата за мигови на заедничка средба на „ПОЕТСКО МАРКУКУЛЕ 2015“. Оживејте ја мислата на перото со возвишен збор, пред кого и белата хартија е немоќна.
Затоа, по десетти – јубилеен пат, Ви закажуваме нова средба на старото место – „КАЈ СЛОНОТ НА ТРОНОТ“, во сабота на 15.08.2015 година, во 19:00 часот, на Вашата и наша традиционална, интернационална и мултимедијална манифестација „ПОЕТСКО МАРКУКУЛЕ 2015“.
Вашето присуство со Вашето поетско бранување, ќе биде уште едно драгоцено камче во духовниот мозаик на Прилеп.
Во Прилеп на 15.08.2015 година во 19:00 часот кај Слонот на Тронот, а извлекувањето на броевите за редоследот на интерпретација на песните ќе се одржи претходно, во 18:30 часот.
Ќе има автобуски превоз, во 18:00 ч., од пред Домот на културата „Марко Цепенков“ до Маркови Кули.

 

Share Button

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.