Свечено затворање на јубилејното 55-то издание на фестивалот Охридско Лето

На 20 август, со почеток од 21:00 часот, во Долни Сарај (Охрид), Театрска претстава „Фигурае Венерис Хисториае“ од Горан Стефановски свечено ќе се затвори јубилејното 55-то издание на фестивалот Охридско Лето. Претставата е во режија на Александар Поповски, а е во изведба на Словенечки народен театар, Драма Љубљана. Сензацијата на театарската сцена надополнета е со музиката на Кирил Џајкоски.