Поезија на денот – „ОСТАВЕТЕ МЕ, НЕ БУДЕТЕ МЕ“ од Ана Цветаноска

ОСТАВЕТЕ МЕ, НЕ БУДЕТЕ МЕ

Оставете ме!
Не будете ме!
Сонувам едно
златокосо дете
како насмеано трча
по разбрануваното
златножолто поле,
раширило раце
во радосен крик,
со развигорт глас
шири, со восклик
патува веста, на
земјата има едно
место каде што
нема грижи.
Оставете ме!
Не будете ме!
Да го отсонувам
мојот копнеж
што во душа ме сече,
ми зарива бодеж,
оставете ме,
нека детето ужива
во својот
божествен рај,
не будете ме,
на мојот сон
му нема крај.

Стихозбирката „ЧЕМЕРИКА“  од Ана Цветаноска можете да ја најдете на полиците од скопската Кафе-Книжарница ВЕШТИЦА.

 

Share Button

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.