Поезија на денот – „Боемска рапсодија во црно“ од Иле Наумов

Боемска рапсодија во црно

Ајде пријателе мој,
претопи ги сите жени
и виното
штп ги потрошивме до сега.
Стави ги на олтарот
и жртвувај ги
пред Богот на пријателството.

Бидејќи
се е менливо,
се си има почеток и крај,
но не и пријателството.
Роа
останува…
засекогаш!

И кога ќе ме нема,
кога ќе зминам
од овој свет.
По секоја бурна ноќ
ќе дојде мамурно утро,
ти пак ќе бидеш сам.

Но, тогаш…
покрај главоболката
ќе чувствуваш и празнина
бидејќи
нешто ќе ти недостасува,
нешто ќе направи да се чувствуваш празен,
нешто ќе те враќа
назад
во минатото.

А ти ќе знаеш
дека тоа сум јас
пријателе мој,
тоа ќе бидам…
јас.

Истоимената стихозбирка – „Боемска рапсодија во црно“ можете да ја најдете на полиците во скопската кафе-книжарница ВЕШТИЦА.

Share Button

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.