Гурмански викенд со пиво- Пиволенд 2015 Скопско Кале 02.09- 6.09

Осми пат по ред, оваа година летото го испраќаме со омилениот пивски фестивал „Пиволенд“.

Традиционално фестивалот се одржува на Скопското Кале, овојпат од 2 до 6 септември.
Наскоро детали и целосна музичка програма, како и сите пивари учесници на Пиволенд.

На овогодинешното издание на фестивалот ќе ги слушаме: легендарните Ласт Експедишн, ултра забавните Суперхикс, жестоките Смат, Културно Уметнички Работници, раперот Тони Зен со својот бенд Флека, светскиот бренд Есма Реџепова, метал пионерите Верка, Барбарела и многу други.

Од регионот гостува популарниот панк-фолк бенд Бркови – Хрватска, а програмата ќе биде збогатена со Блендед Бру од Данска. Врвно музичко задоволство ќе ни приреди Лемон Бакет Оркестра од Канада.

Пиволенд и оваа година им дава силна поддршка на младите и неафирмирани бендови од Македонија. Ќе се претстават повеќе од 30 музичари и диџеи. Најдобрите 5 ќе имаат шанса да настапуваат и на главиот стејџ на Пиволенд, секој ден од 19 часот.

Дојди види испиј! Пиволенд 2015!

 

Целосна музичка програма за главниот стејџ на Пиволенд…

 

 

Share Button

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.