Животот преку перспективата на една мачка – „ПРИКАЗНИ ОД МЈАУКЕДОНИЈА“ од Игор Џамбазов

„Приказни од Мјаукедонија“ е прво дело на младата и талентирана мачка Емилија Џамбазова-Бавчанска. Таа е родена околу 1 јули 2011 година, во околината на Радовиш, поточно во една од плевните кај радовишките бавчи. Нејзината потресна приказна започнува токму на денот кога таа прогледува, па оставена од нејзината мајка почнува да талка по шумата. Првиот хомо сапиенс на коj ќе налета е нашиот познат актер и водител, Игор Џамбазов, кој подоцна ќе стане и нејзин сопственик. Емилија духовито ќе забележи – МОЖЕБИ ТОЈ Е МОЈОТ СОПСТВЕНИК, НО ЈАС НЕ СУМ НЕГОВА СОПСТВЕНОСТ. И така, малечката Емилија тргнува во големиот град. Тој по обичај, не ја ни пречекува. Следуваат сцени какви што само животот може да изрежира. Започнува таа вечна борба на сите млади провинцијалки и лажниот граѓански дух. Многу подеми, уште повеќе падови. Многу ѕвездени моменти, уште повеќе разочарувања. Емилија е распната помеѓу новото и традиционалното, помеѓу омразата и љубовта, помеѓу животот и смртта…

Ова ремек-дело на Игор Џамбазов кое топло ви го препорачуваме, можете де го надете на полиците од скопската кафе-книжарница ВЕШТИЦА.

Share Button

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.