Приземјено препуштање

Бесмислено е
да ги будиме ѕвездите
ако не знаеш да сонуваш.
Жално е
да ги кинеш цвеќињата
ако рацете не се водени од срцето.
Лошо е
ако двајцата заборавиме
од каде одлетуваат птиците наши.

Убаво е
да го оставиш морето
да ги гали стапалата
кои неуморно талкаа
до обалата на убавините.

Прекрасно е
да го прегрнеш
мирисот на животот
и да се препуштиш
на летот кој те носи
далеку во утопијата
од твојата душа.

Петранка Костадинова е родена нетолку далечната 1996 година. Во својата 17та година има објавено два романи. „Секој крај е нов почеток“ и “Гордоста на татко ми“. Има добивано неколку меѓународни и државни награди и признанија за поезија, како прво, второ и трето место на Меѓународните фестивали за поезија и проза кои се независни од моќ и пари „Душко Трифунович“, „Станислав Препек“ и други, во Нови Сад. Прво место за романот „Секој крај е нов почеток“ во Битола на манифестацијата “Вознес 2014’. Таа неуморно чекори во светот каде многумина не би имале храброст. Оваа година ја водеше емисијата со етно-традиционален карактер „За многу години“ на регионалната телевизија „Кобра Радовиш“.

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.