ИЗВОР НА ЉУБОВТА

Денови прелистувам и ги ријам како орач.

Талкам од уста до око и газам по змии отровници , а како меч, го вадам својот збор.

Моќ е , ако ме дофатиш со усните. Каде се чуло и видело ?!

Си ме зачнал со црвена длапка во небото , а во неа, татнеж од белиот коњ со бисери поткован и со ситна срма назобан.

Го прилепив увото свое на срцето твое.

Го симнав убавиот превез на денот , за да се радувам што пијам од изворот на љубовта

 

Milica Paulus

 

 

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.