ЉУБОВНИ АКОРДИ

Нем крик…
Слушам…само еден нејасен акорд
од жиците на виолината…

Во контурите од зениците, толку тажна и сама
во мигот подолг од животот на една искра,
неми слики од духовна пигментација…

Небото плови низ мирно море,
го затворам прозорецот од погледот
станувам господар на убави сништа…
Таму и сонцето е распарчено од сиви облаци…

Од прегратките на црвениот јоргован
украдив мирис,од допирот на твоите раце
топлина ко сончев зрак…
Само очите и филигрантскиот брош
светат ко искри во мракот…

Мислите мои,како скриен свет на твојата убавина
Нежна и кротка,возбудлива и тајнa…
Во светот на љубовта од соништата,
Со поглед те допирам во игра од страсти…
На твоите едра ,птицо крилата,
Името мое ќе стои,за да те пронајдам во ноќта…
Ако заборавот е игра,
Јас никогаш нема да заиграм!

 

Олга Наумовска

 

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.