50 години на сцената со Лилјана Стоилковска-Андовска

Денес во 20:00 часот на големата сцена во Македонската Опера и Балет Лилјана Стоилковска-Андовска, поетеса, новинар и соработник од дијаспората, под наслов „Песна, оро, стих, драма“ ќе го прослави 50-годишниот творечки јубилеј.

Во книгата „Живото е фантастичен, но…“, речта на Стоилковска дише во ритамот на љубовта кон животот и оддава силна наклонетост кон убавото, доброто и вистинитото. Нејзините записи, повеќето песни на македонски и шведски јазик и неколкуте есеистичко-поетски текстови, укажуваат на до болка изострен лиризам, кој се поставува помеѓу животното искуство и магијата на книжевноста, односно поезијата“, вели во својата рецензија за книгата Мирче Нешовски.

„И по тоа време, невреме,
не ќе исчезне се.
Не,
се,
и по мразокршачот
и по солофрлачот
останува твоето дело ТРАЈНО!
До ден, денеска, утре, за на век!…
…и почна, грозоморно,
во напукнатата мугра
да ми надоаѓа Кантовата филозофија мудра;
За раѓањето и исчезнувањето
на животот што доаѓа….“

Share Button

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.