Литературно – музичка манифестација „Креативни точки“

На 25 септември (петок) 2015 година со почеток од 19.00 часот, во Духовно-културниот центар „Кирил Пејчиновиќ-Тетоец“, Лешочки манастир, за првпат ќе се одржи литературно-музичката манифестација „Креативни точки“, во организација на Центарот за култура и културолошки студии (ЦККС) од Скопје и Женскиот хор „Менада“ од Тетово.

Учесници на манифестацијата се Женскиот хор „Менада“, авторите Оливера Ќорвезировска, Иван Антовски, Јулијана Величковска, Ана Голејшка, Живко Гроздановски, Ѓоко Здравески, Милена Илиевска, Јован Илиески, Томислав Каранфиловски, Ѓорѓи Крстевски, Калина Малеска, Марта Маркоска, Перо Сарџоски, Иван Станојовски, Небојша Стојаноски, Биљана Стојановска, Давор Стојановски, Снежана Стојчевска, и солистите Богдана Бушевска, Теодора Ветероска, Стефан Волчевски, Елена Карапејовска, Ана Тимосиеска, Драгана Марковиќ и Марија Јовановска. Во рамките на програмата, покрај настапот на женскиот хор „Менада“ и солистите, ќе бидат претставени книжевните творби на учесниците (младите писатели и поети), а ќе се одржи и книжевна трибина.


Културната манифестација, која е дел од програмата Културата како стил на живеење на ЦККС, има за цел да го зголеми интересот на широката публика за творештвото на младите македонски уметници со посебен акцент на книжевното творештво. Воедно, „Креативни точки“ на креативен и практичен начин има тенденција да ги продлабочи и преиспита релациите меѓу уметностите, да придонесе за афирмација на младите автори во Македонија, за нивно пошироко промовирање и да поттикне поголема рецепција на книжевните и уметничките дела.

 

Share Button

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.