Мотивациски викенд во МОБ

Тоа што во март 2014 започна како иницијатива на 6 волонтери на Младите можат, продолжи како концепт наречен Мотивациски викенд!

Ова е третиот по ред настан за мотивација, инспирација, вмрежување и успех.



Мотивациски викенд е настан од отворен карактер и има за цел да ги доближи личните приказни на млади и успешни професионалци од Македонија и со тоа да ги мотивира младите да работат и да инвестираат во својот личен и професионален развој. На овој Мотивациски викенд ќе имате можност да слушнете 12 инспиративни приказни, по 6 на секој од двата дена.



Дополнително, за ефектот да биде целосен, ќе бидат организирани и 6 работилници на различни теми, кој ќе понудат вештини кои му се потребни на секој млад човек.

Мотивацискиот пулс ќе имате можност да го почувствувате во МОБ на 3 и 4 октомври од 16:00 часот.


Влезот е бесплатен!

Share Button

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.