НОВИ САД СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ГИНИС

На 4 октомври 2015 год., во Нови Сад, ќе се рашири, со помош на многубројните пријатели, љубители на фолклорот, најголемото оро на светот- ОРО ЗА ГИНИС.

Целта на проектот е да се одигра сплет игри од Србија во најголемото оро на светот, како и влез во „Гинисовата книга за рекорди“ како најголемо и најдолго српско оро. Во проектот ќе учествува цела Србија. Учесниците ќе бидат деца и возрасни, од 7 до 77 години, како и Културно уметнички друштва од цела Југославија. Планираниот број на учесници во орото е 15.000 кои ќе бидат облечени во народни носии. Проектот ќе биде реализиран во Нови Сад. Кругот се планира да е во должина од 6 километри.

Ќе се одигра сплет од три ора: Велико Бачко Коло, Катанку и Ужичко Коло. За сите учесници да бидат усогласени, Фолклорното друштво “Велико коло”  подготви инструкции во видео и аудио запис.

По изиграните три игри од учесниците во народни носии, ќе им биде овозможено и на граѓаните да се приклучат! По главниот дел ќе биде организиран концерт од хуманитарен карактер на кои ќе земат учество познати личности и гости од јавниот и политички живот.

 

 

Share Button

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.