ДЕНЕС (уметноста) – изложба на тројца последни добитници на наградата за млад ликовен уметник ДЕНЕС

Во Центарот за современи уметности Скопје ќе се отвори изложбата:

ДЕНЕС (уметноста) – изложба на тројца последни добитници на наградата за млад ликовен уметник ДЕНЕС

на 06 октомври 2015 год., во 20,00 ч.
НУ Национална галерија на Македонија – Чифте Амам

Иван Ивановски (добитник на наградата ДЕНЕС во 2014), Филип Јовановски (добитник на наградата ДЕНЕС во 2013) и Велимир Жерновски (добитник на наградата ДЕНЕС во 2012)
Куратор на изложбата: Ивана Васева

Финасискa поддржкa: Министерство за култура на РМ и Град Скопје
Логистичка поддршка: НУ Национална галерија на Македонија – Чифте Амам

Програма:
06.10.2015 год. (вторник) – Отворање на изложба во 20,00 ч.
07.10.2015 год.– Презентација и разговор со наградените уметници за стекнатите искуства по посетата во Њујорк, САД.- 19.00 ч.
08.10.2015 год. – Работилница (за уметници кои би аплицирале на Повикот кој ќе биде објавен од страна на Центарот за современи уметности Скопје за наградата ДЕНЕС 2016 година) – 19.00 -21.00 ч.

Ова заедничко претставување, обединето во изложба, од една страна реферира на принципите на функционирање на македонската ликовна група Денес, основана во 1953 година но и на уметноста денес, која го поттикнува прашањето што и на каков начин се создава во земјава во моментов посебно имајќи ја како позадина целата социо-политичка ситуација а како преден план самиот уметник и неговиот ангажман. Оваа поставка овозоможува простор и за преиспитување на значењето на наградата како и на придобивките кои ги носи преку искуството делувајќи во една интернационална средина како Њујорк.

Групата Денес, како и наградата, е за активна борба против застарените ликовни разбирања, а овој приказ на уметничките видувања и размислувања на Ивановски, Жерновски и Јовановски ги искажува рецентните и актуелните разбирања но и реалности користејќи различни медиуми (сликарство во комбинирана техника, инсталација, видео, принтови) во истражување на современи политички и општествени констелации. Овие проекти се надоврзуваат на веќе изложените дела во рамки на групните претставувања организирани за наградата во трите последните години, во симболична а некогаш и во буквална смисла. Тие се однесуваат на едни од најосновните егзистенцијални прашања во денешнината како манипулативните средства на државниот апарат и моќта, хиерархиската општествена, социјална и класна поставеност, стравот и неизвесноста на индивидуата и односот со другите и другоста и прашањето за слободата како и неговата материјална слобода.
Изложбата за момент дава еден увид во денешниот процеп на несекојдневни размислувања давајќи и на уметноста еден тематски и медиумски стимул во реализирањето на потенцијалноста и во начините на реализирањето на постоењето.

Дела:

Иван Ивановски, Леб и игри (2014), слики во комбинирана техника: цртеж, дигитално боење, принт на платно, рачно боење


Филип Јовановски, Мртва природа: работници, неонски текст , жени што пеат и неколку гипсани глави (2015), инсталација


Велимир Жерновски, Завеса (2015), инсталација: завеса, алуминиумски балони, хелиум, димензии варијабилни

Share Button

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.