ПРОМОЦИЈА НА „ЗОШТО СЛОБОДА“ од ТОМ Г. ПАЛМЕР

Книгата ЗОШТО СЛОБОДА е составена од есеите на студенти, политиколози, новинари, филозофи и активисти кои се занимаваат со помоција на идеите на слободата во 21 век. Нивната мисија ја остваруваат со помош на конференциите, форумите и другите настани организирани од движењето Students For Liberty, кое е распространето со студентски групи на универзитетите на сите континенти.

Книгата е издадена кон средината на 2013 година во САД, а група на млади ентузијасти од студентската група Students For Liberty – Macedonia од Битола, веднаш потоа, успеваат да добијат дозвола за превод од авторот и издавачот со цел студентите во Македонија да имаат можност истата да ја прочитаат на македонски јазик. Печатењето на книгата е помогнато од издавачите на книгата – Atlas Network. Додека пак како издавач на македонското издание се појавува Institute for Research and European Studies од Битола.

Книгата ќе биде промовиранa од:
Никола Г. Петровски – Национален координатор на Европски студенти за слобода
Никола Љ. Илиевски – Локален координатор на Европски студенти за слобода
Катерина Шапкова – Асистент на Правен факултет Јустинијан Први

Промоцијата ќе се одржи утре во 12:00 часот на Правниот факултет “Јустинијан I”.

Share Button

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.