Победнику се гледаме на врвот!!!

Еј ти голем човеку!!!…. Дали знаеш деки си ветив себе си дека таму горе на Тврдината сите заедно ќе отидеме да ја прославиме твојата победа – нашата победа ?!! Не сомнено ја одбрав тврдината како наше место за прослава, таа тврдина ми ја даде силата…таа тврдина ме направи мене посилна…таа тврдина ми ја даде душата да ги осетам тие сила и упорност, тврдината еден ден ме гушна и ми рече: Не грижи се, се ќе биде во ред!!!

Не е случајно што на твојот пат застана таму да земеш оддишка, не случајно таму застана да го почувствуваш раатот и да земеш малку сон…. Ништо не е случајно пријателе!!! И затоа му ветив дека таму следниот пат ќе одиме заедно за прослава, дека ќе му отидеме за убаво!!!

И дали знаеш дека таму горе ќе те однесам на моето место, да биде и твое…наше…победничко… крај кулата со саатот и таму точно под него ќе викнам на целиот глас за сите да ме чујат колку Ве сакам сите, таму под саатот ќе те потсетам и уште еднаш ќе ти кажам колку многу најмногу го сакам син ти, пред тебе…гледајќите во  очи ќе ти кажам дека неговата среќа е мојата најголема среќа и тогаш ќе Ве гушнам двајцата силно и ќе му се насмееме на животот, ќе одиме таму над Градот и тој да ја види нашата среќа, ќе застанеме над Дунавот ќе му се насмееме и нему и тој да ја прослави нашата победа и тој заедно со нас ќе се напие вино и ке ни ја запее  “8 тамбураша с Петроварадина”!!!

И таму пред сите Ти голем човеку ќе бидеш Победникот, таму пред сите и на местото кое надживеа многу војни, кое доживеа многу љубови меѓу кои и една од моите најголеми, кое прераскажува многу среќи и создава музики и слики…Ние ќе бидеме Победниците заедно со тебе и ќе ги славиме среќата и љубовта, а до тогаш твојата војна е и наша војна, војна во која твојата армија чека на наредба за јуриш….Со тебе сме, те сакаме…арсеналот е спремен…Се гледаме на Врвот!!!

Share Button