Зошто толку далеку?

И јас сакам да ја прегрнам мајка во моментот кога срцето ќе посака за искрена топла прегратка.
И јас сакам искрен бакнеж од сестра, искрен разговор со љубовта. Како? Кога илјадници километри ме делат од тие моменти, од тој луксуз.
Никогаш постудено не било од моментот кога високите згради ти се единствено крило од силниот ветер, никогаш помрачно не било од темните ноќи и утрата сами.
„Македонија е горда на своите таленти“ – Кои таленти, оние кои ги испративте во туѓина да се бранат од секого, да живеат затворени во четири ѕида, потајно да го потиснуваат тој дух кој за многумина беше радост?
Зошто Македонијо, зошто да останам? Да ги гледам баба ми и дедо ми како ги уживаат условите за пензионер, како ја шетаат државата, а јас собирам денар по денар да платам партиципација за еден ден да бидам некој и нешто? Да останам во државата која неуморно ги поддржува социјалците и ги наградува, они кои се способни и здрави за работа, а воопшто не ги приметува оние кои сакаат, а немаат каде?
Зошто се одлучи на овој чекор, зошто се оддели од твоето гнездо?  Немам причина да останам, велам. Таму, оној кој сака да успее е на последното ниво од рангираната листа на нашите „водачи“. „Немам партиска книшка“, велам.
Да платам ако сакам да успеам. Извинете, јас немам пари да ја китам вашата фотелија со луксузни перформанси, не сте ми дале!
Да платам  1800 денари за да ја добијам наградата за роман на годината, да го наплатам својот труд?
Затоа! Затоа се одлучив на овој чекор, со надеж дека моето гнездо повторно ке ги собере сите птици без разлика дали е есен или пролет.
Мајко, само се надевам дека животот нема да биде толку немилосрден како досега.
Срцето ме боли, но тоа е мојот избор. Дојдов да го остварам мојот сон, свесна дека животот минува и нема да можам да ги вратам никогаш во животот моемнтите кога мајка ми имала потреба од искрен разговор, кога татко ми потајно сакал да ме прегрне, кога моите сестри имаат потреба од искрена поддршка, кога конечно ја пронајдов љубовта на мојот живот.
Некогаш беше „Ако немаш вујко владика…“ јас велам сега и вујна ти ако не е владика, ништо не правиш.
„Голем државен натпревар за поезија“, одиш среќен и весел дека твојата песна е прочитана и слушната. Но, повторно гром од ведро небо.
„Прва награда на мојот сакан братучед, втора награда на мојата внука која неуморно се трудеше, и трета награда на младата и  талентирана уметничка Петранка “ , благодарам не ја сакам. Колку треба да си платам, за да ја закачам дипломата на мојот ѕид? Колку треба да котизирам за да направам дупка на мојот ѕид? Секоја чест за меѓународните  и натпреварите во државава (кои се ретки) кои престижно сум добила и признанија и пофалби
Така е Македонијо, само се надевам дека и моите најмили ќе бидат со мене еден ден, а ти остани си со твоите патриоти и полнете си ги џебовите, вие најблиските. А ние ќе бараме решение и живот надвор од тебе.
Подарете му го на светот најдоброто од вас,
Петранка К.
..Студентка на Правен Факултет, Љубљана

 

Петранка Костадинова

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.