ПРВ ПОШТЕНСКИ МАРАТОН

Првиот поштенски маратон е манифестација која има за цел промоција на поштенската дејност преку поддршката на трчањето на долги патеки и активниот начин на живот.

Оваа година поштенскиот маратон се одржува во Прилеп, Македонија на 1-ви ноември 2015 година.

Генерален покровител на настанот е Македонска пошта АД.

Во рамките на забавниот дел на настанот при подигнувањето на натпреварувачките пакети на 31ви Октомври за сите учесници ќе биде приреден свечен прием и “паста забава“ во хотелот Салида.

Официјално, првиот поштенски маратон започнува на 1ви Ноември!
Во рамките на настанот ќе бидат одржани:
-Маратонска тркa – 42.195 км
-Полумаратонска трка -21.0975 км
-Забавна трка -5 км
-Детска трка -1км.



После трката вечерта на 1-ви Ноември во ноќниот клуб “Калипсо“ ќе биде организирана забава со одличен сет на македонски ДЏ-и.

 

Share Button

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.