Селото Стојаково

 

На источната половина на гевгелиско-богданската котлина е расположено селото Стојаково. Тоа е едно од низата села, наредени во полукруг покраиштата на котлината. Од исток, запад и север, селото е ,, Отворено’’ и погледот допира до вечиќествените масиви на планината Кожув, пајак и Беласица, а на југ ридот ,,Чука” висок само 120 метра е доволна преграда погледот да не допре до Солун и егејот, иако се оддалечени само 50 километри. Стојаково не е како неговите соседи. Тоа има богата историја. Во дамнина, според постојни остатоци, некогаш низ селото минувале важни друмови кои селаните ги наречуваат, општо, ,, римски друм” а археалозите ги именуваат како ,,друм1 и друм2’’. Првиот минувал крај селото и водел на север кон селата Гавато, Грчиште, Марвинци (античкиот Исар) и натаму, на север. На југ пак, патот достигнувал до Солун, преку кукуш, каде се поврзувал со познатиот друм ,, Виа Игнатиа’’. И двата друма биле калдрмисани и кај Стојаково  преминувале преку камени еднолачни мостови археолозите исто така, од досегашните драгања констатирале дека сегашната населба стојаково, лежи врз важна античка населба, а тоа го потврдува локалитетот ,, камен”, кој терасесто лежи на блискиот рид. Таму се најдени остатоци од темели, градежна керамика, монети со ликот на Александар Македонски, гробови во вид на циста, изведени со камени плочи. На два километра од селото, западно, се наога друг археалошки локалитет наречен ,, Шипков дол ‘’.  Тој предизвикува посебен интерес кај археалозите со своето богатство на наоди од керамика од елинистичкиот и римскиот период расфрлани низ бавчите и лозјата на јужните падини на ,, Голиот рид’’. Уште побогат е археолошкиот материјал во атарот на селото каде се најдени остатоци од оружје и други воени трофеи. Забогатото минато за стојачкиот крај, пишувал и познатиот антички историчар Херодот, кој вели дека во древните времиња (се како негови) оваа почна била обрастната со бујни шумски комплекси, со огромни и високи дрвја на кои демнеле  диви ѕверови: пантери, лавови, рисови , кои од ненадеж скокале врз бројните елени и срни и друг дивеч. Биле напаѓани и камилски карвани. Богатството од Даб било причина низ тие шумски дивини да се движат безброи чопори диви свињи, чија главна храна била дабовиот желад. Се кажува уште дека тука доаѓале Македонските кралеви со своите придружни на лов, зашто престолнината пела е во близина.

Во тие походи на лов, најмногу се споменува кралот Архелај од IV век пред нашата ера, на чии двор живееле и твореле многу антички уметници, поети, историчари и други, како што се : поетот Херил од островот Самос, музичарот Тимотеј од малоазискиот град Милет, историчарот Тукидид, а особено трагичарот Еврипид кој бил голем пријател на кралот Архелај. Тој тука, во Македонија, ги напишал своите четри, посебни трагедии но тука и трагично го загубил животот. Архелај и Еврипид често заедно оделе на лов во овие краишта и во 407-6-та година пред нашата ера, вракајки се од лов доцна, една вечер го нападнале кралските кучиња и смртно го искасапиле. Атињаните ја барале неговата пепел, но кралор Архелај не им ја дал. Навредени, Атињаните се задоволиле само со подигање Ќенотафион, на патот помеѓу Атина и Пиреи. Нанего пишувало: ,, Еврипидовиот спомен го грли цела Елада, а коските негови ги крие македонскиот крај , кајшто последниот го издиши здив. Еладо, Елада да Атина е роден крај негов; со песна угодуваше на секаде, затоа го слави светот! И Филип Втори, таткото на Александар Македонски доагал на лов во овие краишта. Со доагањето на Римјаните во 168-та год пне Македонија е претворена во римска провинција разделена на три дела и токму кај Стојаково било тромеѓето. Римскиот историчар Ливиј напишал : ,, Македонија изгледаше расчеречена, всушност и на самите македонци не им беше јасно колку е таа голема и како можеше лесно да се подели…”  Оваа судбина трае до ден денешен, а Стојаково постојано на граница! Вековите си течеле, сонцето се така си греело, но земјата се менувала и добивала и други облици, а народот тонел во тешкотии. Посепено ги снемувало исполинските шумски комплекси на стојачкиот синор. Со нив и дивите ѕверови исчезнувале, зашто немало на што и врз што да ,,скокаат”. Ерозијата го започнала својот уништувачки танц. Матни води се струполилр врз стрмините и долиштата, а одкорнатото земјиште се насипувало во долината, па така денешното Стојаково е повисоко за цели шест метра и лежи врз дамнешни гробови чија длабочина е на девет метри длабоко под денешната површина. Некогашните бујни и високи шуми денес се заменети со зимзеленото џбунесто дрво ,,Прнар’’ кое како и дабот, изобилува со желади со кој се хранат, преживеаните со векови, диви свињи. Избразнетите долишта на стојачкиот терен го откриле природното богатство за него уште во 19-ти век покажале интерес французите, кој во 1879-та година дошле во селото и сакале отворат рудник за јаглен (стојачани од дамнина го користеле) но французите брзо се одкажале зашто не им се исплатило. Така, јагленот на локалитетот ,,Чуките” чека подобри времиња. Освен јаглен тука се пронајдени и железна, велспатова, бакарна и други руди, но не се користат.

Продолжува