ПАБЛО НЕРУДА

НЕМОЈ ДА ЗАБОРАВИШ ДА БИДЕШ СРЕЌЕН

Полека умира

оној кој не патува,

оној кој не чита,

оној кој не слуша музика,

оној кој не го наоѓа задоволството во себе.

 

Полека умира

оној кој ја уништува сопствената љубов,

оној кој не ја прифаќа понудената помош.

 

Полека умира

оној кој е претворен во роб на навиките,

поставувајќи си секојдневно едни исти ограничувања.

оној кој не ја менува рутината

оној кој не се осмелува да облече на себе друга боја,

и не разговара со оние кои не ги познава.

 

Полека умира

оној кој бега од страста,

и нејзината врела емоција

од оние кои даваат сјај во очите,

или ги напуштаат срцата.

 

Полека умира

оној кој не го менува животот

дури и кога не е задоволен,

со својата работа или својата љубов,

оној кој не сака да се откаже

од сигурноста поради несигурноста

и кој не ги следи своите соништа

оној кој не сака да си дозволи

барем еднаш во животот

да побегне од смислените совети.

 

Живеј денес, учи денес, ризикувај денес

немој полека да умираш

немој да заборавиш да бидеш среќен.

 

Преубава песна нели? Секој од нас чита многу познати цитати по фејсбук од личности како Неруда, и многу психолошки книги од кои сакаме да се научиме за да си го подобриме животот. И дали истите ги применуваме во нашето секојдневие, или само тежнееме да ги применуваме? Дали сме доволно храбри за да живееме како што сакаме? Секој ден се прашувам тоа.

 

Навистина е загрижувачи фактот, колку околу нас има тажни лица, безлични лица, или пак со насмевка, но од оние насмевки вештачките, неискрени и насмевки кои не се од срце насмеани. Ете зад таквите насмевки се криеме, за никој да не ни ја види болката, досадата, несреќата или душевното мизерување. А зошто? Повеќе преферираме да сме на крајбрежјето на сигурно место, отколку да запливаме во бурното море и да го смениме начинот на живот, а од што се плашиме? Најверојатно дека се плашиме од непознатото.

 

И сите ние ја бараме среќата околу нас, а никој во себе, а можеби точно и таму лежи, во нас длабоко скриена и треба само да го отвориме срцето кон сите околу нас па таа да излезе. Да пробаме да направиме нешто кога ќе почувствуваме дека монотонијата ни ја заробува душата, да пробаме да си дадеме слобода себеси а и на тие околу нас.

Да се сакаш себе не е никаков грев, баш напротив, некој ни подарил живот, а ние не го цениме тоа воопшто. Еден ден, кога ќе остареме и кога ќе останеме сами покрај телевизорот со мачето или кучето в скут и кога некој ќе нѐ прашаа, што е тоа среќа? Што ќе кажеме?

Можеби среќата лежи во малите нешта, затоа треба да се радуваме на сѐ околу нас, да го отвориме срцето кон сите, да не бараме, туку  да даваме, така ќе ни биде возвратено и нам.

Велат човекот е појак и од камен, но знае да биде и како стакло, кое лесно се крши, затоа да го чуваме. Кога ќе се скрши стаклото, колку и да се лепи лузна ќе се остане за до крајот на животот. Затоа да живееме, а не да живуркаме, дека  животот е еден и единствен. Затоа бидете среќни, баш онака како што вели Неруда, пејте кога ви се пее, играјте кога ви се игра, плачете кога ви се плаче, љубете кога ви се љуби, отворете го срцето кон сите и ќе се изненадите кога ќе најдете и други отворени срца како вашето. Бидете среќни, во среќата лежи и здравјето.

 

 

Ве сака Оливера

dare

dare

Уредник на муабет.мк