ДЕНОВИ НА КОРЕЈСКА КУЛТУРА

Од 30 – 31 октомври во Кинотека на Македонија ќе се одржат денови на корејскиот игран филм.

На репертоар ќе бидат фимовите:

30 октомври (петок)

19:00 ч.
ОДА ЗА ТАТКО МИ
(Ode to My Father / Gukjesijang)
игран филм, Кореја
2014 г., 126 мин., колор, ДВД
Режија: Јон Џекјун (JK Youn)
Сценарио: Соџин Парк (Soo-jin Park)
Улоги: Хуан Џонмин, Ким Јунџин, Ох Далсу (Hwang Jeong-min, Kim Yunjin, Oh Dal-su)

Среде хаосот на бегалци кои бегаат од Корејската војна во декември 1950 година, едно младо момче, Дук Со, гледа како неговата судбина се менува додека да трепнеш. Тој губи трага од неговата помлада сестра и го остава неговиот татко зад себе за да ја најде. Се сместува во Бусан и Дук Со им се посветува на другите од неговото семејство, работејќи секакви чудни работи за да ги издржува наместо неговиот татко. Неговата посветеност прво го води во смртоносните рудници за јаглен во Германија, каде што ја сретнува својата прва љубов Јонгја, а потоа во, разурнатиот од војната, Виетнам. Филмот е приказна за генерациите и еп за личните жртви на еден човек.


21:30 ч.
МАСКЕНБАЛ
(Masquerade / Gwanghae: Wangyidoen namja)
игран филм, Кореја
2012 г., 91 мин., колор, ДВД
Режија: Џу Џанмин (Choo Chang-min)
Сценарио: Хванг Јојун (Hwang Jo-yun)
Улоги: Ли Бјунун, Рју Сунгрунг, Хан Хјоџу (Lee Byung-hun, Ryu Seung-ryong, Han Hyo-ju)

Во услови на национален хаос и страв за својот живот, тиранскиот крал Гвангхае му наредува на својот доверлив советник Хео Кјун да најде кралски двојник. Тој го вработува Ха Сеон, селанец пантомимичар кој совршено личи со кралот. Кога кралот Гвангхае колабира од мистериозен отров, Ха Сеон неволно станува крал. Тој мора да ја следи својата совест за да ја спаси својата земја од колапс, да избегне атентат и затоа мора да го приреди најголемиот маскенбал во историјата.

31 октомври (сабота)

17:00 ч.
МОНСТРУМОТ
(The Host / Gwoemul)
игран филм, Кореја
2013 г., 120 мин., колор, блуреј
Режија: Бон Џунхо (Bong Joon-ho)
Сценарио: Бон Џунхо, Ха Вонџун (Bong Joon-ho, Ha Won-jun)
Улоги: Сон Кангхо, Бјон Хибонг, Парк Хаеил (Song Kang-ho, Byeon Hie-bong, Park Hae-il)

Филмот се врти околу Парк Хибонг, човек во доцните 60-ти. Тој има мал снек-бар на брегот на реката Хан и живее со неговите двајца синови, една ќерка и една внука. Се чини дека Парк води сосема обичен и мирен живот, но тие можеби се малку посиромашни од просечните жители на Сеул. Неговиот постар син Ганг Ду е незрел и е безработник на 40 години и жена му го напуштила одамна. Нам Ил е најмладиот син, кој е невработен и кој постојано критикува сè, а ќерката, Нам Јо, е членка на стрелачката репрезентација и освојувачка на медали. Еден ден, неидентификувано чудовиште одеднаш се појавува од длабочините на реката Хан и започнува да шири паника и смрт. Ќерката на Парк е грабната од страна на чудовиштето и исчезнува. Сите членови на семејството се во агонија зашто губат многу драга и блиска личност, но кога ќе дознаат дека таа е сè уште жива, решаваат да ја спасат.


19:00 ч.
ТАЈНО, ВОЗВИШЕНО
(Secretly, Greatly / Eun-mil-ha-gae eui-dae-ha-gae)
игран филм, Кореја
2006 г., 120 мин., колор, ДВД
Режија: Јанг Чулсо (Chul-soo Jang)
Сценарио: Ким Бангјун, Џун Хонџи (Kim Bang-hyun, Yun Hong-gi)
Улоги: Ким Сујун, Парк Гивонг, Ву Лијун(Kim Soo-Hyun, Park Gi-woong, Woo Lee-Hyun)

Тројца севернокореанци живеат тајно, но среќно во Јужна Кореја додека ги чекаат нивните команди. Еден ден, доаѓа неочекувана команда, но таа не е она на што се надеваа. Имено, група шпиони наречени „Корпус 5446“ – се обучувани од страна на јужнонокорејските елитни специјални сили уште од нивната младост – за наводната возвишена цел за обединување на Кореја. Испратени во Северна Кореја, тие се маскираат – едниот како будала, другиот како надежен пејач, и третиот како средношколец. Времето поминува без да добијат наредби од Север и постепено се навикнуваат на животот како обични „комшии“ во еден мал град, сè додека еден ден нивните секојдневни животи се превртуваат однопаку – кога одеднаш им е доделена „тајна и возвишена“ мисија: воено-политичките настани помеѓу Северна и Јужна Кореја бараат тие тројца да си ги одземат животите…


21:30 ч.
КРАЛСКИОТ КРОЈАЧ
(The Royal Tailor / Sang-eui-won)
игран филм, Кореја
2014 г., 127 мин., колор, ДВД
Режија: Ли Вонсук (Lee Wonsuk)
Сценарио: Ли Бјонгхак (Lee Byounghak)
Улоги: Хан Сукју, Го Су, Парк Шинхје (Han Suk-kyu, Go Soo, Park Shin-Hye)

Сангјуивоните, како што гласи и оригиналниот наслов на филмот, се одговорни за облеката што ја носи кралското семејство. Дол Сеок е најдобар мајстор-занаетчија задолжен за кралската облека . За него правилата се предност на неговото работно место. Конг Џин е генијален дизајнер, роден со умешност и одлична смисла за убавото. Тој е донесен во палатата од благородникот Пан Со, кој прв го забележал неговиот талент. Кралот и кралицата се заплеткуваат во судирот настанат поради кралските алишта направени од Дол Сеок и Конг Џин.

Share Button

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.