Национален танцов театар од Пекинг „Конфучие“

Танц фест во копродукција со Македонскиот народен театар на 9 ноември со почеток во 20 часот ви го претставува танцовиот спектакл „Конфучие“.

Утре во 20:00 часот во МНТ.

Кинеската национална опера и Театар за танцова драма, Пекинг Кинеската национална опера и Театарот за танцова драма, е најголемиот Национален театар во Кина, со најдолга историја, кој работи со поддршка на Министерството за култура на Народна Република Кина. Компанијата има широк спектар на различни театарски перформанси, а во неа работат повеќе ансамбли: оперски, танцов и ансамбл за народна музика, симфониски оркестар, креативно студио и оддел за сценски дизајн. Театарот е воспоставен во 1951 г., како наследник на „Јан’ан Лу Ксун“ колеџот за уметност, во тоа време предводен од познатиот уметник Зоу Вејзи. Актуелен директор е Тао Ченг, доктор по музикологија.
Компанијата е расадник на таленти, многу познати кинески уметници ја имаат изградено својата кариера настапувајќи во нејзиниот репертоар. Една од најуспешните претстави е грандиозниот музичко-танцов еп „Истокот е Црвен“ од 1964 година, по кој песната „Наниван“ отпеана од Гуо Ланјинг, останува во меморијата на кинескиот народ со генерации. Во изминатите педесетина години, театарот има продуцирано повеќе од 100 опери и танцови драми, кои оставаат белег во историјата на кинеската опера и танцова драма, и стануваат симбол во кинеската театарска уметност. Во последните години, театарот продуцира низа претстави, со исклучителен квалитет како „Долината на црвената река“ – опера; „Конфучие“ – танцова драма; „Шармот на сезоните“, желби од рајот“, „Карневал на патот“ – музичко танцови перформанси, кои често патуваат низ светот. Со класичниот настап на сцена, мајсторска вештина и првокласни артисти, театарот има стекнато голема популарност и признанија, не само во Кина, туку и на глобално ниво.


Конфучие, е филозоф, просветител и политичар, наречен големиот прв учител, од периодот на Пролет и Есен, (722 п.н.е -481 п.н.е.). Неговото учење, наречено конфучијанизам, го претставува јадрото на кинеската култура. Како еден од десетте најголеми историски фигури во светот, има длабоко влијание на општеството на светско ниво. Кинеската традиционална култура е спиритуалниот дом на кинескиот народ, а Конфучие, почитуван како учител на сите времиња, е најголемата фигура која стои во него.
Оваа танцова драма го претставува патот на Конфучие, исполнет со фрустрација, во кој соништата не се остваруваат; тоа е приказна за едно хаотично време. Управителите – војводите на државите се со заматени глави, се оддаваат на разврат во друштво на убави жени. Тие, бараат од Конфучие совет за тоа како да ги водат териториите, но остануваат глуви на неговите предлози. Службениците, итри и егоцентрични, постојано сплеткарат еден против друг. Конфучие се труди да внесе промени, предлага да се популаризира разбирањето и добродушноста, но не успева да ја смени ситуацијата. Вмешан, без да сака, во интрига, приморан е да бега пред судот. Во бурата на глад и опасност, тој, сонува за идеалот на еден свет во склад. Војните продолжуваат, луѓето остануваат бездомници, а божествените бадемови шуми се претворени во воено поле. Во слепиот мрак, на тажниот пат накај дома, Јулан, песната на орхидејата, станува Ода на храброста, а светата Доктрина се шири низ светот.