Информација за изведбата на балетската претстава „Дамата со камелии“

Во вторник, 10 ноември, 2015 г. со почеток во 20 часот, во Македонската опера и балет ќе биде изведена балетската претстава „Дамата со камелии“, на музика од Џузепе Верди. „Дамата со камелии“ е балетска продукција која наиде на одличен одзив кај публиката и беше оценета со позитивна критика, својата премиера ја имаше на 31.10.2014 г. Музиката е од прославениот Џузепе Верди, а драматуршката подлошка е земена од неговата популарна „Травијата“. Кореографијата е на на гостинот од Русија, Василиј Медведев, прекрасните костими и убавата сценографија се дело на Павол Јураш, гостин од Словачка. Во главните улоги ќе настапат: Првенците Александра Мијалкова и Васил Чичијашвили.

Настапуваат, солисти, балетскиот ансамбл и оркестарот на Македонската опера и балет.

Диригент е Бисера Чадловска.

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.