АЈАЗМО е приватно училиште за изучување на македонската традиционална музика

АЈАЗМО е приватно училиште за изучување на македонската традиционална музика (по пат на индувидуални или групни часови), но и за претставување/афирмирање на истата, како во нејзината првобитна (изворна) форма-така и во преработена.

Терминот АЈАЗМО значи БЛАГОСЛОВ. Се сретнува во Јужно-македонската етнографска целина, поточно околу градот Гевгелија, или етнички предел Бојмија. Како термин може да се сретне и во записите на етнокореологот Михајло Димовски, кој ги опишува машките поворки РУСАЛИИ, кои се сретнуваат за време на не крстените денови, односно во периодот помеѓу Божиќ и Водици.
Инаку, оваа поворка имала магиско-лекувачко својство. Се сметало дека каде што ке стапне оваа поворка, дека ќе донесе пред се здравје. Дека со ората “Алајот“ и “Кушијата“ ќе се избркаат лошите сили. Несреќа било ако Русаиите не влезат во селото.
Од едно село се собирале и по 40-50 мажи и тргнувале накај друго село. Но, пред да тргнат на пат, секогаш оделе прво до селската црква за да земат од попот АЈАЗМО за добар пат.

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.