Промоција на „Додека Данте спие“ од Силвија Митевска

ИЛИ-ИЛИ организира промоција на првата книга раскази од Силвија Митевска, „Додека Данте спие“. Промоцијата ќе се одржи на 23 ноември (понеделник) од 20- 22 часот, во Public Room –Центар за дизајн и иновации. Промотори се Владимир Мартиновски и Марта Марковска а ќе бидат проектирани и фотографиите од патувањата и дружењата со ‘’Данте’’. Од 21 часот, подиумот ќе го преземе ДЈ Владодлак со неговиот музички сет.


Силвија Митевска е млада прозаистка која и припаѓа на најновата генерација македонски раскажувачи. Нејзиниот раскажувачки тон е полн свежина,умешност, возбуда, таа знае да раскажува, знае да ги слуша своите ликови и да ги води низ темните предели на раскажувањето, а резултатот на тоа одисеевско патување е проза која се чита во еден здив. Силвија Митевска е авторка за која ќе се слуша во иднина, се повеќе и повеќе.

Лидија Димковска


Ретко се случува при добивање ракопис на дебитант да се открие талент којшто веќе својата дарба ја здружил со не мала писателска умешност, односно – занает. Во дебитантската книга раскази на Митевска видливи се трагите на прозниот артизам, кој токму врз жанрот расказ поставува максимални барања пред авторот. Книгата Додека Данте спие е вистинска радост за македонската современа прозна продукција.

Венко Андоновски


Силвија Митевска е родена на 14.11.1979 во Скопје. Нејзина професионална окупација било акробатското параглајдерство. За време на престојот во Италија и Израел пишува раскази. Додека Данте спие е нејзина прва книга.

Share Button

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.