Дали знаеш… ?

Пингвините се интересни и прекрасни суштества но, за жал ретко кој од нас живее во нивна близина и нема можност да ги следи нивните навики. Тие се интересни животни и заслужуваат да дознаеме по нешто ново за нив:

1. Пингвините живеат исклучиво на јужната полутопка.

2. Само мал број видови живеат на Антарктикот, додека останатите десетина видови пингвини живеат во потоплите предели како што се островите Галапагос, Јужна Африка, Нов Зеланд, Австралија и Чиле.

3. Најголем вид е Царскиот пингвин кој живее на Антарктикот, чија висина кај возрасните е околу 1,1 метар и тежат 35 килограми, а најмал е малиот син пингвин со висина околу 40 сантиметри и тежина до 1 килограм.

4. За да може да пливаат во студените води, слој од воздух им се задржува внатре во ситните пердуви кои им го покриваат телото и служи како изолација.

5. Пингвините се одзади црни, а однапред бели, што им обезбедува камуфлажа од водните предатори. Додека пливаат, гледани одоздола белата боја се претопува со одблесокот од површината, а одозгора црната боја се претопува со темното дно.

6. Можат да останат под вода повеќе од 20 минути.

7. На Антарктикот пингвините се собираат во групи стиснати еден до друг, со што се штитат од суровиот студен ветер. Покрај тоа, постепено си ги менуваат местата во групата, така што секој од нив, дел од времето е и во средина и на крајот од групата.

8. Можат да пијат солена вода бидејќи имаат посебна супраорбитална (над очите) жлезда која делува слично на бубрезите и ја филтрира солта од крвта.

9. Кога ќе се разделат од партнерот или од младенчето, пингвините се наоѓаат со довикување, дури и во многу големи јата.

10. Некои видови пингвини живеат во семејство со еден партнер доживотно, други во текот на една сезона. Со ова генерално може да се рече дека пингвините се сериски моногамни.

11. Двајцата родители се грижат за јајцето и за одгледување на пилето, и наизменично одат по храна во морето.

12. Пингвините се едни од четириесетте врсти на птици кои неможат да летаат.

13. Оние кои живеат на Антарктикот немаат копнени непријатели.

14. Подобро гледаат под вода отколку на копно.

15. Пингвините можат да го контролираат протокот на крв во своите екстремитети.

 

Share Button

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.