Промоција на „КОЛЕКЦИОНЕР“

Си размишљам нешто брат… Зашо бе праат избор на мис? Дали е стварно толку битно колку е некој убав? Шо знам брат. Ја знам едни луѓе шо не се не знам колку телесно убави или згодни, ама нас не праат убави… лепотани не праат. Доволно е само шо се меѓу нас. Ќе поседат малку, ќе ни напраат два-три муабета, и одма се осеќаме некако… како да ти објаснам, се осеќаме ко да сме најубавите, најзгодните, најважните луѓе на светот. Нашите недостатоци ги праат да изгледаат како доблести. Малку крив нос? Пффф… украс е тоа, украс, ме разбираш? Ете така ни праат тие луѓе. Е, они се за мене мис и мистер на убавина. -Драган Таневски

 

Промоцијата на неговата четврта книга „КОЛЕКЦИОНЕР“ ќе имате можност да ја проследите во вторник, 8 декември во 19:00, МКЦ.

Еден по еден
(посветено на сите привремено згаснати сонца)

Гледаш…
не снемува еден по еден.
Малку останавме
што во сенките гледаме стари другари
во ветровите – патокази
во пространствата – дом.

Ете…
не снемува еден по еден
Како да бевме многу
па вишокот мора да се отстрани.
На кого му пречиме вакви
сонливи, занесени, забегани
полу-улави… болно искрени…

И така…
не снемува еден по еден
залутани секој по своите
музи. Од нивната итрина прелажани.
демек – арно ќе ни било
пффф, едно арно…

Полека но сигурно
не снемува еден по еден.
Како ретки животни за отстрел
како екслузивна порција во елитен ресторан
како бегалци од деградацијата
што како цунами го преплавува
ветвото парталче наречено човечки род

Наместо да се размножуваме и клонираме
нас не снемува еден по еден
А не имаше доста. Ни се слушаше гласот
преку океаните дури го чуја.

Не сме ние за тука
не пратија да ги оплемениме кротките души
но р’ѓата не дава.
А… се позлатува ли р’ѓа?
Кородирал светот и тоа е тоа
а нас не снемува еден по еден.

Си заминуваме…
а уште не сме ни дошле.

Share Button

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.