Алое вера – практична примена во секојдневниот живот

Некои од нас го омаат овој вид на кактус дома, но ретко кој знае за што се може да се употреби. Старите египјани ја нарекувале “Билка на бесмртноста“, но доволно е да се каже дека и оваа билка е една од чуварите на нашето здравје и убавина.

Магичната формула на алое вера е сочниот и проѕирен гел кој се наоѓа во зелените листови. Овој гел содржи над 200 корисни активни материи како што се антракинона, аминокиселини, ензими, лигнин, стероли, сапонини, витамини и минерали.

Практична примена

1. Го минимизира оштетеното ткиво предизвикано од повреда

Со исцедениот сок или гел од листот 2-3 пати дневно се премачкува оштетеното ткиво.

2. Помага при алергиска реакција и кожен осип

Исфрланото место се премачкува најмалку три пати дневно со пресечениот лист.

3. Помага при појава на херпес

Со гелот од листот се мачка раничката и се остава да исуши. Така се ублажуваат последиците од избивање на херпес.

4. Ги намалува проблемите со акните, стареењето на кожата и брчките,а може да се нанесува и после бричење

На чисто, измиено лице се нанесува од гелот, се остава да делува 20 минути и се мие.

5. Ги олеснува сиптомите на псоријаза, дерматитис и егзема

Делува смирувачки, ја чисти кожата од нечистотии, ја дезинфицира и го забрзува лекувањето.

6. Ја намалува пигментацијата и темните дамки на кожата

Доколку имате проблем со неизедначен тен редовно мачкајте се на проблематичните места со алое вера гелот од листот или купете крема од алое вера.

7. Пилинг и масажа од алое вера

Направете си свој пилинг за тело. Промешајте: 2 лажици алое вера гел, 1 лажица сок од лимон и 2 лажици смеѓ шеќер. Добро измасирајте ја кожата и исплакнете ја со млака вода.

8. За опекотини од сонце

Помешајте 1 лажица брашно, 1 лажица кора од портокал во прав, 1 лажица урда и 1 лажица од алое гелот. Со смесата намачкајте се на кожата, по 30 минути исплакнете ја.

9. Белези и стрии

Помешајте: 2 чаши морска сол, 1 чаша кокосово масло, 1 чаша исцеден сок од лист алое вера и 2 чаши мед. Смесата се нанесува на белегот или стриите и се остава да делува 30 минути, потоа се мие. Со оваа смеса може да го намачкате и цело тело,Вашата кожа нема да се буни.

10. Ја ублажува астмата

Листови од алое вера се варат во вода и потоа се вдишува пареата.

11. Го намалува нивото на шеќер во крвта

Сокот од алое вера им помага на дијабетичарите.

12. Лековито дејствува на целиот организам

Со внаатрешно конзумирање, алое вера помага при варење на храната, ги ублажува проблемите со чиреви во желудникот, хемороиди, уринарни инфекции, колитис, проблемите со простатата, реума и артритис.

Share Button

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.