Интересни факти кои веројатно не сте ги знаеле (петти дел)

1. Кафето е една од најтргуваните производи во светот, веднаш после нафтата.

2. Бразилскиот пајак (Phoneutria nigriventer) со еден гриз ги решава сите машки проблеми. Имено неговиот отров содржи хемикалии кои можат да предизвикаат ерекција во траење и до четири часа.

3. Првиот карневал бил одржан во 1894 година во Северна Америка.

4. Пајо Паторот бил забранет во Финска затоа што оцениле дека овој Дизниев јунак може да влијае на моралот и да ги повреди чувствата на граѓаните затоа што не носи гаќи.

5. Хипопотомонстросесквипедалофобиа е страв од долги зборови.

6. Во резервоарот на еден Џамбо џет има гориво со кое можете со својот автомобил да направите четири круга околу Земјата.

7. Во споредба со другите алкохолни пијалаци, вотката е најчист пијалак на светот.

8. Во англискиот јазик не постои збор кој се римува со month.

9. Жирафите не можат да кашлаат.

10. Сите цицачи сонуваат.

11. Околу 25% од цигарите кои се продаваат во светот се криумчарени.

12. Цигарите се најпродаваниот производ на планетата.

 

Share Button

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.