НЕДЕЛА НА ИЗРАЕЛСКИ ФИЛМ ВО МКЦ

МКЦ заедно со Еврејската заедница на Македонија ве покануваат на Неделата на Израелски филм во МКЦ!
Програмата трае од 14 – 20 декември, но од 18 декември проекциите продолжуваат во Кинотеката на РМ.

14 декември (понеделник) 20:00 ч.
Кино Фросина
ГОЛЕМИ ЛОШИ ВОЛЦИ
(Mi Mefached Mehaze’ev Hara)
игран филм, трилер, Израел
2013, 110 мин., колор, блуреј
Режија: Навот Папушадо

15 декември (вторник) 20:00 ч.
Кино Фросина
ОГНЕНИОТ ЗМЕЈ
(Drakon Haesh)
документарен филм, Израел
2015, 2 епизоди/25 мин., колор, блуреј
Режија: Гилад Голдшмит

Филмот “ОГНЕНИОТ ЗМЕЈ” следи едно неверојатно патување на фамилијата Херман низ Азија, во старо пожарникарско комбе, подоцна претворена во фамилијарен автомобил, со изминати над 25,000 милији во рок од една година. Ајре (44) и Ронит (41) Херман, се религиозна фамилија од Галили, кои заедно со своите 3 деца патуваат низ магичните предели од Тајланд кон Лаос, Камбоџа, Кина, Казакстан, низ патот на свилата – се до Кипар. Ова патување за нив е остварување на долгогодишниот сон, но уште поважно, шанса за спас на нивниот брак но и на кревките фамлилијарни односи.
Во сета авантура, фамилијата Херман го истражува повторно значењето на “дом” и “фамилија”.

16 декември (среда) 20:00 ч.,
Кино Фросина
ПОПЛАВА
(Mabul)
игран филм, драма, Израел
2010, 100 мин., колор, блуреј
Режија: Гај Натив

Сè е комплицирано во животот на Јони. Тој има безмалку 13 години, вистински е надарен, но физички недоразвиен и катаден грчевито настојува да порасне пред неговата „Бар Мицва“.Продава напишани домашни задачи за да собере пари за чудесните стимулирачки бодибилдинг прашоци без никаков ефект, секоја ноќ ги јакне нозете со тегови и со сета сила вреска спроти ветрот за да си го здебели тенкиот, девствен, нестабилен глас поради кој го добил подбивниот прекар – Хелиум. Неговите нови соученици, постари една година и за две глави повисоки од него, го малтретираат во секоја можна пригода, а неговите родители речиси и да не зборуваат еден со друг, туку комуницираат преку него. Згора на сè – само една недела пред церемонијата – неговиот аутистичен седумнаесетгодишен брат Томер, со години наназад скриен во интернат кој е затворен, се враќа дома. Тоа го разнишува животот на Јони, но и нестабилните темели на целото семејство.


17 декември (четврток) 20:00 ч.,
Кино Фросина
ОВА Е СОДОМА
(Zohi Sdom)
игран филм, комедија, Израел
2010, 90 мин., колор, блуреј
Режија: Адам Сандерсон, Мули Сегев

ОВА Е СОДОМА во детали ја раскажува приказната за раѓањето на еврејскиот народ и за појавата на монотеизмот во заднината на последната недела од историјата на озлогласениот град Содома, библиската престолнина на забавата, коцката, сексот и корупцијата. Деталниот приказ открива дека библиската реалност не е поинаква од реалноста на Израел во 21 век – џунгла, во која секој човек „копа со раце и со нозе“ само за себе. Таткото на нацијата изнудува од Господа спас за роднината Лот, злиот крал на Содома докажува дека власта ќе го поткупи дури и најсправедливиот човек во градот, жената на Лот одново го дефинира опортунизмот, дури и ангелите кои се назначени да ја спроведуваат правдата откриваат дека е совеста безвредна во матни времиња. Сепак, најважно е дека – прв пат по толку години – филмот ОВА Е СОДОМА претставува обид за заживување на традицијата на „откачени“ израелски комедии со големо количество детинест хумор и смешни ликови.


18 декември (петок) 20:00 ч.,
Кинотека на Македонија
РЕСТАВРАЦИЈА
(Boker Tov Adon Fidelman)
игран филм, драма, Израел
2011, 90 мин., колор, блуреј
Режија: Јоси Мадмони

19 декември (сабота) 20:00 ч.,
Кинотека на Македонија
КОН КРАЈОТ НА ЛЕТОТО
(Ad Sof Hakayitz)
игран филм, драма, Израел
2011, 95 мин., колор, ДСП
Режија: Ноа Ахарони

20 декември (недела) 20:00 ч.
Кинотека на Македонија
ТАНЦУВАЊЕ ВО ЈАФО
(Rokdim Be’Yaffo)
документарен филм, Израел
2013, 87 мин., колор, блуреј
Режија: Хила Медалија

20 декември (недела) 21:30 ч.,
Кинотека на Македонија
СИЛИКОН ВАДИ
(Silicon Wadi)
документарен филм, Израел/САД
2014, 82 мин., колор, блуреј
Режија: : Даниел Сиван

Share Button

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.