ТРАДИЦИОНАЛНИОТ КОНЦЕРТ ПО ПОВОД ПРАЗНИКОТ ВАСИЛИЦА

Mакедонската опера и балет ја продолжува традицијата. На 12 и 13 јануари со почеток во 20:00 часот, за прв пат во Македонската опера и балет – МАКФЕСТ ЗА ВАСИЛИЦА!

Со настап во живо, во гала концертна варијанта, 68 музичари, 12 рок поп пејачи и еден диригент низ 15 рефрени ќе го пренесат најдоброто од 25 години Макфест.

Билетите за двата концерта се со цена од 800/1000/1200 денари и сe во пуштени за продажба на билетарницата на МОБ и online на www.mob.com.mk.

За програмата:

Оваа година направен е избор од најслушаните рефрени испеани на фестивалот „Макфест“. Публиката ќе има можност да ужива во популарните: Кога те нема,  Свирете ја зајди, зајди, Еден бакнеж и магија се стори, Кој да ти каже Ивана, Ангели ме носат и многу други.

Ќе ги исполнат најпопуларните ѕвезди од македонската естрада: Тамара Тодевска, Тијана Дапчевиќ, Елена Ристеска, Сара Мејс, Александар Тарабунов, Елена Петреска, Александар Белов, Нина Јанева, Лидија Кочовска, Димитар Андоновски, Јоце Панов и Вејчеслав Поповски. Ќе ги придружува Оркестарот на Македонската опера и балет, под диригентската палка на Бисера Чадловска.

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.