Предлог книга – „Совршено несовршен пар“ од Сузан Елизабет Филипс

За сите обожавателки на романтични комедии. Книга која ќе ја прочитате во еден здив – „Совршено несовршен пар“ од Сузан Елизабет Филипс, интересна љубовна приказна со забавни споредни карактери.

Краток опис

Хит Шампион има поминато голем и мачен пат за да се издигне на врвот, почнувајќи од бедното детство во приколка со татко пијаница. Најдобриот и најуспешниот спортски агент во градот не се срами од своето минато, напротив, тој се гордее и сега го бара врвниот симбол на своите достигнувања – совршената сопруга. Но тој е богат, амбициозен и прекрасен – зошто има потреба од стројник? Затоа што Питонот нема време за губење и нема трпение за будали.

На Анабел ѝ е смачено да биде единствениот губитник во нејзиното семејство на банкари и хирурзи, па навистина се надева дека среќата конечно ќе ѝ се насмевне кога го презема стројничкиот бизнис на својата баба.

Да, таа веднаш сфаќа дека потпишувањето договор со најпосакуваниот ерген во градот би било вистинско бинго, па затоа е решена да му ја најде совршената жена по секоја цена. Но работите полека почнуваат да се комплицираат кога неодоливиот шарм на Хит почнува да влијае и на Анабел.

Таа не е никаков кандидат за совршена сопруга, таа е подвижна катастрофа. А пустата, секој ден за неа станува сè потежок додека го гледа Хит со жените кои му ги носи за да ги запознае. И покрај тоа што е познат како жесток, темпераментен, остар на јазик и баш вистински питон, тој исто така е вистински кавалер кој те гледа во очи додека му зборуваш, правејќи да се чувствуваш како единствената жена на светот, тој е интересен и смешен, тој е прекрасен и згоден, секогаш среден и дотеран како излезен од списание, тој е лојален до коска и секогаш е добар пријател…

А озлогласениот Питон малку по малку почнува да се прашува: Колку поточно совршена мора да биде совршената жена?

Share Button

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.