Предлог книга – „Мојот Соло Пријател“ од Џејн Костело

Ова е книга која ќе ви го поправи расположението, книга која од срце ќе ве насмее, која ќе успее да измами насмевка на вашето лице, а и по некоја солза – приказна која и покрај сето тоа лесно, весело, смешно дејство има убава и мудра порака. Се поставува прашањето дали си спремен да преминеш преку границата која ги дели пријателството и љубовта?

Џејн Костело е британска писателка, нејзините книги изобилуваат со смешни ситуации, пријателство, љубов… Кога читате нејзина книга го пронаоѓате оној специфичен начин на пишување по кој се одлични британските писатели.

Краток опис

5199mACqnbL._SX318_BO1,204,203,200_

Најдобри и нераздвојни пријатели – Луси и Хенри.

Долгогодишно и цврсто пријателство – Убавица и Гениј.

Една одлука која ќе промени сè.

И што ако се заљубиш во својот цимер и најдобар пријател?

Луси има одлична работа и лојални пријателки, сè ѝ оди како подмачкано, но најмногу од сè го цени и почитува мислењето на својот цимер и најдобар пријател Хенр
и. Дваесет години се неразделни, нивното пријателство е силно и нераскинливо.

Но на љубовно поле не оди сè баш така најдобро кај Луси, а кога има состанок, па знаете малку подлажува за сите нејзини способности, па добро, тоа не се големи лаги, како на пример дека обожава планинарење или некои други мали лаги, но безопасни. Но колку и да се труди, сè заврш
ува со смешни, луди крајни резултати.

Хенри навистина не може да разбере, па Луси е слатка и симпатична, тогаш зошто не се прифаќа таква каква што е?

Но, по еден обичен разговор и едно ток шоу, Луси го насочува сето внимание кон Хенри и неговата преобразба и Хенри посакува никогаш да не спомнеше што мисли за една сосема безопасна идеја. И така започнува големата промена на имиџот на Хенри, а Луси со помош на своите најдобри пријателки Доминик и Ерин со одушевување започнува да размислува што и како да се направи. Нова фризура, контактни леќи, флертувачки мастер час од Доминик… кутар Хенри, не ни знае што ќе го снајде. Но ништо не може да ги подготви за изненадувачките резултати!

После несигурниот почеток, Хенриевата трансформација секој де
н е сè поблескава и ги надминува нивните очекувања, па одеднаш пред Луси се наоѓа еден сосема неодолив, преубав, шармантен маж и повеќе не е сигурна дека тоа ѝ се допаѓа. Со нејзините лоши љубовни искуства, Луси почнува да очајува кога сфаќа дека живее со маж кој е предмет на соништата на другите жени…

Една мала безопасна одлука и Луси сфаќа дека нивните животи никогаш повеќе нема да бидат исти…

 

Share Button

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.