ТАНЦ – Ликовна изложба на Ана Андроска

Ако сте се прашале дали може да се натопи четката во сјајот на ѕвездите што треперат во ноќта, да се нурнеме во делата на Ана Андроска. Да ги погледнеме волшебните танцувања на предметите, соништата на карактери, боите и на формите, велосипедите кои нè водат кон интимните тајни, животните кои посегаат кон сонцето, музичарите што ја разголуваат судбината, и сето она што ги топли нашите погледи, и ќе сфатиме дека магијата на овие слики е што се насликани со ѕвезден прав собран со срце на еден сонувач. Можеби затоа, кога ќе се најдат на ѕидот, впечатливите платна на Андроска ни отвораат нова димензија за животот и сонот.

петок, 21:00 часот, Public Room

Share Button

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.