НАЈИГРАНАТА БАЛЕТСКА ПРОДУКЦИЈА ВО МИНАТАТА СЕЗОНА, “14 ЧАСА“

Во среда, 20 јануари, 2016 г. со почеток во 20 часот, во Македонската опера и балет ќе биде изведена една од најгледаните балетски продукции во МОБ, „14 ЧАСА“. Ова е современо балетско дело, кое низ синџир од 12 сцени, ги разработува женско-машките односи, преку ликовите на Лили и Марк. Автор на музиката е Кирил Џајковски, кореографијата и сценографското идејно решение се на Игор Киров, костимите на Александар Ношпал, а режијата и либретото на Наташа Поплавска.

Играат: Александра Мијалкова, Наташа Јосифовска, Саша Евтимова, Билјана Басмаџиева, Дафина Данилоска,

Васил Чичијашвили (Грузија), Мирослав Митрашиновиќ, Игор Веланоски, Јан Кисилев, Агим Бафтии, Дојчин Дочев (Бугарија).

Цената на билетите изнесува 300, 400 и 500 денари и можат да се купат на билетарницата на МОБ, тел. 02/3 118 451 и online на www.mob.com.mk

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.