Предлог книга – „Последната пролет во Париз“ од Јелена Бачиќ Алимпиќ

Роман кој ги освои срцата на читателите низ целиот Балкан.

Краток опис

Трагедијата на животот не е смртта туку сето она што умрело во нас додека сме живееле. Виктор го сакав како што се сака еднаш во животот. Безумно. Мојата младост не беше причина за тоа љубовно дивјаштво, напротив. Тој беше тишината на мојата вселена, светлината на душата во темни времиња. Без него ниеден ден од мојот живот не беше облеан од сонце, без неговите чекори улиците не ме потсетуваа дека порано биле цветни полјани. Имав очи што сакаа да го видат само неговото лице, уши што можеа да го слушнат само неговиот глас и раце што сакаа да го допираат само неговото тело. Ги сакав неговите солени очи, секогаш насолзени, како што брегот ја сака реката. Во нив го гледав небото. Сакав да најдам дом во неговото срце. Во осаменоста немо ги изговарав буквите на неговото име и во таа безгласност залутав…

…во играта на судбината единствениот влог е љубовта и … на крајот, само љубовта е мостот што ги поврзува спомените и ја враќа надежта и вербата во животот…

Share Button

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.