Предлог книга – „Часови по секс“ од Даниел Грант

Часови по секс е искрена, но исклучително забавна и смешна унисекс романтична комедија. Напишана од страна на машки автор и со маж како главен лик, ова е уникатна приказна која ќе го зароби вниманието на двата пола, а истовремено ќе ви открие како е да сте во кожата на еден маж кој се бори со еден од најчестите машки проблеми.

Часови по секс е едноставно, комично и директно ѕиркање во светот на машките проблеми, а  Даниел Грант е автор без влакна на јазикот. 

Краток опис

Сите кои го познаваат Џејмс Кенеди сметаат дека животот не можел да му подели подобри карти. Зошто, што му недостига? Тој е згоден, паметен, млад, има одлично платена работа како банкар во центарот на Лондон, живее во огромен модерен стан во скапиот дел од градот, ги менува девојките како чорапи, има група фини пријатели… Навидум, тој навистина има совршен живот. Но она што никој не го знае е дека Џејмс Кенеди е тапа во кревет. Нула. Аматер. Не затоа што не знае како, туку затоа што има проблем, затоа што некаде греши.

Кога само би имало некој кој би можел да му покаже каде греши, можеби да му даде неколку часа по секс… Но кој?

Доколку сакате да ја имате оваа книга во вашата приватна библиотека, слободно пишете ни на naracaj.kniga@gmail.com, ќе добите информации за цената и начинот на плаќање и секако можете да си ја нарачате.

Share Button

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.