Проследете го првиот настап на Project: Orpheus за 2016та година во склоп на Земјотрес

Земјотрес е музички фестивал на македонските независни дискографски куќи. Инициран од Направи Заедно, 69 Records и ПМГ Рекордингс, тоа е потполно отворен концепт, на кој постојано се приклучуваат релевантни чинители на нашата алтернативна сцена. Токму таа сцена е единствената во Македонија која музиката ја сфаќа и третира како уметност, борба и национално богатство. Ако ова ви се чини разумно и интересно, приклучете се на Земјотрес. На оваа манифестација ќе гостуваат и Project Orpheus.

Project Orpheus се: Давид Димовски (автор, вокал/акустична гитара), Александар Ванчовски (тапани), Мартин Јосифовски (бас гитара), Виктор Филиповски (перкусии), Иван Петровски (електрична гитара / тамбура), Неврус Бајрам (електрична гитара), Владимир Крстев (виолина), Стефана Марковиќ (флејта), Оливер Настовски (ут / тамбура / кавал / гајда) и Ивица Јанкуловски (саунд инженер).

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.