Предлог книга – „Брида“ од Пауло Коелјо

Приказна за љубовта, грешките, храброста и мистериите…

Краток опис

Кога некој ќе го најде својот пат, не смее да се плаши. Мора да биде доволно храбар да прави погрешни чекори. Разочарувањата, поразите и губењето на волјата се орудија што Бог ги користи за да го покаже патот.Ова е приказна за Брида, млада и убава Ирка, и за нејзината потрага по спознанието на светот. На тоа духовно патување, таа ги запознава мудрецот што ја учи како да ги совлада своите стравови, жената што ја учи да танцува наслучувајќи ја скриената музика на светот. Тие ја препознаваат надареноста на Брида, но мораат да ја остават сама да дојде до крајот на откритието.Додека трага по својата судбина, Брида се обидува, со многу тешкотии, да најде рамнотежа меѓу љубовта и желбата да се промени. Брида е трогателна приказна за љубовта, за мистериите и храброста, за духовната страна на еросот и еротичната страна на духовноста.

Доколку сакате да ја имате оваа книга во вашата приватна библиотека, слободно пишете ни на naracaj.kniga@gmail.com, ќе добите информации за цената и начинот на плаќање и секако можете да си ја нарачате.

Share Button

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.