Прешернов ден ќе биде одбележан во Кочани

В петок на 19 февруари, во 11 часот во ОУ,,Малина Попиванова“ во Кочани, Словенечкиот центар-Скопје ќе приреди програма по повод одбележувањето Словенечкиот културен празник Прешернов ден.

Во Словенија, секој февруари е месец на културата со голем број културно-уметнички настани во чест на најистакнатиот словенечки поет Франце Прешерн кој починал на 8 феврари 1849 година.

Со цел да ја доближи словенечката култура и до македонците што не живеат во Скопје, Словенечки центар,во соработка со ОУ „Малина Попиванова“  и директорот г.Ивица Цимбаљевиќ ,Амбасадата на Р.Словенија во Р. Македонија и потмомогати од Бирото за Словенците зад граница и по светот од Р.Словенија го органзира овој настан токму во Кочани.

На настанот ќе учествуваат учениците од Дополнителната настава по словенечки јазик која во Р.Македонија се организира веќе 17 години од страна на Министерството за образование,наука и спорт на Р.Словенија и Заводот за школство на Р.Словенија.

На настанот ќе се обрати директорот на училиштето-домаќин  г.Ивица Цимбаљевиќ, градоначалникот на Кочани г.Ратко Димитриовски, претседателот на Словенечки центар-Скопје, г. Сашо Стојковски, заменик претседателката г-ѓа Олга Равњак-Станковиќ, а пред присутните ќе се обрати  и г-ѓа Мира Лесјак., заменик амбасадор на Р.Словенија во Р.Македонија

Од членови на центарот ќе биде прочитана поезија од Прешерн на словенечки и на македонски јазик, а во рамките на настанот ќе биде претставена поетската збирка ,,Божилак на исконот“ од младиот поет Филип Димкоски. Предвидена е и музичка програма. Ќе настапи хорот при ОУ ,,Малина Попиванова“

Инаку Словенечкиот центар-Скопје минатата година прослави петгодишно постоење, а во тие пет години на различни начини преку литературата, музиката, филмот, спортот ја негува врската помеѓу овие две држави и луѓето што живеат во нив.

Настанот во Кочани е од отворен тип и поканети се сите заинтерсирани граѓани.

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.