Интервју со Наташа Алексовска – Малечка

Ја имаме честта да направиме интервју со Наташа Алексовска – Малечка писателка од Куманово која има напишано една книга и во план да напише збирка раскази или роман.

1. Здраво Наташа ќе можеш ли да ни се преставиш!

Јас сум Наташа Алексовска,родена на 14.10.1978 год. во Куманово.
Уште за време на летниот распуст во Основно Училиште почнав да пишувам,претежно тоа беа раскази за годишни времиња или некој празник.

2. Колку книги имате напишано до сега?

Досега имам напишано една книга стихозбирка поезија – Посилна од судбината, која во Јануари 2015 год.излезе од печат, преку Печатница Дата Песнопој – Битола.
Истата 2015 година во Септември оваа моја книга излезе преку Здружение за писатели – Манускрипт.

3. Каков стил на песни можат да се најдат во Вашата книга?

Во мојата книга има секакви песни почнувајќи од тажни,среќни,песни за годишни времиња,необични,несекојдневни песни и како шлаг на тортата се љубовни песни,што значи има за секого и за сечиј вкус,каде секој читател може барем во некоја од моите песни да се пронајде при самото читање на мојата книга.
Дали имате настапувано на некои манифестации/конкурси?
Досега,имам учествувано на многу конкурси,а имам освоено две први места и едно втторо место,на следниве конкурси:
– На конкурс организиран од Фондација Петров,насловен – Жена,љубов,човек,вино,надеж освоив 1 место за мојата песна – Која сум јас без тебе?
– На конкурс организиран од Фондација Такец,по повод 20 дена од смртта на доајенот на македонско и битолско новинарство – Димитар Димитровски – Такец освоив 1 награда за мојата песна – Прегратка.
– На конкурс организиран од Фондација Такец,по повод 1 Септември – денот на раѓање на доајенот на македонско и битолско новинарство – Димитар Димитровски – Такец, на тема – Го љубам животот,освоив 2 место за мојот есеј – Го љубам мојот живот.

4. Какви планови имате во иднина, дали планирате да напишете некоја книга/роман?

Иако,не планирам тука да запрам,во иднина сакам да пробам да напишам роман или збирка кратки раскази,бидејќи не сум човек што секогаш се држи само во еден литературен правец.

5. Дознавме дека стоите позади псвдонимот Малечка, дали планирате да се претставувате под тоа име?
Секако,одсега па наттаму во сите мои следни книги ќе се потпишувам со мојот псевдоним – Малечка,кој мислам дека е уникатен,еден и единствен,искрено се надевам дека еден ден ќе биде и препознатлив,бидејќи сакам по нешто да бидам и останам уникатна,а тоа нека биде по мојот начин на пишување и мојот псевдоним.

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.