Поставување и осветување на камен -темелник за изградба на православен Крст

Денес во 11 часот ќе се постави и освети камен-темелникот за изградба на навиот православен крст во општина Бутел.
Со чинот на поставување и осветување на камен – темелник за изградба на новиот православен крст ќе чиноначалствува Неговото Блажество, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан.
Во 10 часот ќе има собир пред новата црква во општината Бутел, Св. Јован Крстител од каде што преку семакедонска поворка ќе се пристигне до местото на поставување на камен – темелникот на крстот.

12043200_1052292321471251_3376532455226426177_n


Крстот ќе биде поставен до самиот кружен тек, кај крстосницата на улиците Боца Иванова и Александар Урдаревски. Kрстот во општината Бутел ќе биде висок 51 метар, а широк четири метри. Поставен ќе биде на постамент висок 5,5 метри
Градењето на нови Божји храмови и симболи, македонскиот православен народ отсекогаш го разбирал како градење на својот национален идентите и на својата христијанска личност. Македонецот уредно се гржи за зачувување на наследството, но и за преземање нови творечки потфати во слава на единствениот вистински и жив Бог.

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.