ЈА САКАМ МАКЕДОНИЈА – МОЈ ДОМ

Затоа што има едно,единствено прекрасно име – Македонија,бидејќи е посебна и сама по себе прекрасна држава,едноставно затоа што овде во оваа држава сум родена,тука живеам и ќе умрам.

Но,има и заради друго нешто што ми се допаѓа,бидејќи имаме едно единствено прекрасно знаме,со две бои – црвена и жолта кои наизменично се менуваат на нашето знаме,како семафор,но без зелената боја.

Ама,ајде да погледнеме,боите на нашето знаме може и на друг начин,да ги протолкуваме,еве како:

црвена боја – ме потсеќа на булките кога се расцветаат во пролетта,но тука се и на нашите рози и трендафили кои се одгледуваат во нашите дворови,со својот мирис те опиваат како да сме ставиле најскапоцен парфем на нас самите,а впрочем тоа е неодоливиот мирис на нашите цвеќиња,кој го има само во нашата прекрасна држава,и те мамат да ги погалиш и допреш со своите раце,

жолта боја – како утринското Сонце кога ќе не разбуди од сон,кое преку денот најсилно грее и свети,едноставно не се штеди ги испушта неговите прекрасни зраци,не кани на прошетки и дружење со него,а навечер тука е Месечината која ни го осветлува патот по кој одиме и ни прави друштво на нас луѓето,заедно со ѕвездичките на небо,кои од време на време светнат да не потсетат дека се тука за нас,да не ги заборавиме и нив.

Но,тука се и нашите излетнички места со познати и признати манастири во Светот,нашите реки кои се бистри и чисти и како такви треба засекогаш да гледаме и да ги чуваме да останат,каде што од бистрината ни се отсликуваат нашите лица,кога ја земеме водата во нашите дланки е чиста како нашата солза во очите,едноставно се прелева од убавини.

Да не ги заборавиме нашите планини,кои се прекрасни,таков планински чист воздух не може да се најде на друго место,кое на секој човек му е потребен да излезе од загадените простории,загадениот воздух и барем еден ден да се одмори и опушти на некоја од нашите прекрасни планини,во нивните планинарски домови,и не е важно кое годишно време е,бидејки во секое годишно време планината си има своја убавина,која е специфична за секоја планина посебно,по што се разликуваат планините секоја со своја прекрасна убавина,која ја има само во планините.

Но,тука се и водопадите кои си имаат своја приказна,и кои од ветерот некогаш посилно – некогаш послабо си течат од карпите и изворите,и те мамат на прошетки и излети покрај тие убавини,а таму може и по некоја птичка да направи друштво и да го долови тој неопислив амбиент кој го имаат водопадите.

И,секако тука се нашите езера,нашите најголеми богатства,секое езеро на свој начин си е посебно си има и крие во себе своја легенда,за секое езеро се врзуваат прекрасни риби,својствени само за тој град и езеро,тука се и рибарите со своите приказни,кои ловат секојдневно риби,е сега дали уловат или не,се е до среќата,не е секој ден Велигден,така и со нив,ама некогаш ќе уловат,не може секогаш да не уловат.

Заради сите овие убавини кои ги има природата единствено и само во мојата држава,треба да ја сакаме,негуваме и чуваме,се додека сме живи,бидејќи ваква убавина нема на друго место,туку само во мојата држава – Македонија.

Те сакам моја државичке,нека ни е честит празникот за многу години нека ни е,и само убавини да ја красат мојата држава,само за убави работи нека чукаат нашите камбани во нашите цркви и Манастири.

 

Малечка

dare

dare

Уредник на муабет.мк